Elena Ristevska, her career after the eurovision song contest
Елена Ристевска, нејзината кариера, откако на Евровизија
За Елена Ристеска 2008 година започнува професионално. Таа го реализира првиот самостоен сингл на англиски јазик и тоа со видеоклип. Тоа е за песната насловена како „Million Dollar Player“ (или англиската верзија на „Милионер“).
Видеото е продукција на „Corrino Media Group“, а режисер на видеото е Мајк Статик. Покрај Елена во видеото се појавува и Лирој Чемберс кој всушност е и автор на текстот за оваа песна.
После тоа Елена се навраќа на некои постари проекти. Таа снима видео за песната „Некаде Далеку“ од албумот 192. Покрај Македонската верзија таа
снима видео и за српската верзија која е насловена како „Bye bye“ и дел од албумот „Милионер“. Режисер на видеото е Александар Ристовски - Принц. Во меѓувреме снима нова песна, односно дует со групата „Паркети“ под насловот „Сакам да те галам“ која истотака се здобива со видео реализација.
На 19 Декември таа го одржува и нејзиниот прв солистички концерт. Одржан е во „Метрополис Арена“. На концертот како гости се појавија Ламбе Алабаковски, Туна, Паркети како и Босанскиот бенд „Регина“ со кои што Елена има дует.
На почетокот на 2009 таа снима спот за песната „Усни како темно мастило“. Воедно тоа е и последниот проект за кој е предвидена реализација од албумот 192.
Elena Ristevska - Sakam Po Dobro Da Te Pamtam (Official Video)/ Елена Ристевска - Сакам По Добро Да Те Памтам (Оффициал видео)
Geen opmerkingen:
Een reactie posten