Beginning from Macedonian superstar: Kaliopi Buklevska:

Калиопи е родена на 28 декември 1966 година во Охрид,а детството и помина во Кичево. Татко ѝ е со влашко, а мајка ѝ со македонско потекло, но Калиопи не го зборува влашкиот јазик[1]. Ќе биде запаметена по победата на едно од првите изданија на детскиот музички фестивал Златно Славејче, во 1976 година, со песната Мојата учителка. Потоа, Калиопи го продолжува својот пат кон славата преку учеството во хорот на Запро Запров Развигорче, со кој учествува на бројни турнеи во Чехословачка, Словенија, Австрија, во периодот од 1978 до 1980. Се приклучува во класата на Марија Николовска и четири години изучува соло пеење. Соло пеењето ќе биде и нејзин академски избор со запишувањето на Музичката академија во 1984, во класата на Благоја Николовски. Калиопи освоила трето место на Југословенскиот натпревар во соло пеење во 1984, каде настапила како најмлад пејач на класична музика.


Следната година, бендот го објавува својот прв албум со назив Калиопи. Истата година учествува и на реномираниот Сплитски фестивал со песната Da more zna и добива награда за најдобар деби-изведувач на фестивалот, а самата песна е прогласена за една од најслушаните. Во 1986, групата повторно добива прва награда на Видео спот фестивал со песната Остани во мене.


По успешната промоција на многубројните фестивали, бендот објавува дека повеќе нема да има национални фестивалски учества. Единствен исклучок беше Југословенскиот Евровизиски избор во 1988 година, каде се претставија со песната Емануел и освоија 10-то место.
Во време на својата најголема популарност, Калиопи и нејзиниот поранешен сопруг и основач на групата, Ромео Грил, заминуваат во Швајцарија, со што групата се распаѓа и следи 10 годишна пауза и престанок на нивната активна музичка кариера, но сепак цело време се присутни на електронските медиуми во Македонија со своите дотогаш снимени аудио и видео материјали. Од официјалниот распад на групата во 1988 година, Калиопи одржа само еден соло концерт во Универзалната сала, во декември 1988 година.
Kaliopi First song ever / Калиопи првата песна некогаш:
Geen opmerkingen:
Een reactie posten