vrijdag 19 oktober 2012
FWSK: Atelier Ljutikova AW 2012/2013
Елена Љутикова
Елена Љутикова на 6-тата сезона на Моден Викенд Скопје Во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, со ревијата на Елена Љутикова се затвори првиот дел од 6-тото издание на Модниот Викенд Скопје. Белиот печат на Ателје Љутикова 2012/2013 ги поместува границите на стереотипниот изглед на невестата. Таа е жена - самоуверена, зрела, решителна, глобална. Што се однесува до визијата и дизајнот, Љутикова задржува софистициран, рафиниран, умерен сексапил. Истиот го демонстрира и го пренесува преку моќта на чистата строга линија. Мото на Ателје Љутикова е „Знаеме каде одиме и кои граници ги премостуваме‘‘. Оваа сезона партнер на Моден Викенд Скопје за убавина и шминка се Космо дрогерии во соработка со Менхетн и Макс Фактор, за фризура - ROLLAND во соработка со Hair Fashion Group.
Abonneren op:
Reacties posten (Atom)
Geen opmerkingen:
Een reactie posten