Колеција од Кокев!
Kолекција се навраќа на времето кога облекатa полна со текстура, волшебно богата со бои и форми ја истакнувала женската контура и ѝ давалa на жената причина за потполно уживање во моментите посветени на себеси. Колекцијата полна со француска тантела, магично богата и со текстура и со боја, употребена за креации кои ѝ дозволуваат да дојде до целосен израз. Воведени се металните елементи – „statement“ детаљ кој ја нагласува индивидуалноста. Боите се прелеваат од една во друга, без контрасти, повеќе како приказна која продолжува, концепт кој се следи и во креациите целосно изработени од светкав материјал.
Geen opmerkingen:
Een reactie posten