Ирина Тошева!
Колекција во која предност им е дадена на формите и кројот. Црно-бели принтови надополнети со детали од егзотични природни пердуви и црвена боја, која дава импулс. Материјалите за колекцијата се избрани со цел да се продолжи контрасната приказна меѓу мекото и крутото. Основа на дизајнот е носливоста, која негува задоволство, пријатно и привлечно чувство. Тој не говори повеќе од личноста, туку е тивок медиум што надополнува. Комплиментите што ќе бидат предизвикани, треба да се однесуваат на посебноста со која зрачат луѓето кои ги носат.
Geen opmerkingen:
Een reactie posten