maandag 15 oktober 2012

FWSK: Nenad Sekirarski AW 2012/2013

Ненад Секирарски!

Ненад Секирарски, се отвори шестото издание на Моден Викенд Скопје. Познатиот македонски дизајнер ја претстави својата колекција од дваесетина елегантни коктел фустани. Инспирирани од мињоните и Марија Антоанета, креациите се изработени од свила, памук и синтетички материјали, чиј микс го доловува волуменозниот, но и воздушен изглед на силуетата. Боите кои се провлекуваат низ колекцијата се: бела, пастелно ментол зелена, златеста и портокалова, преку кобалтно сина и корално црвена, до црна. 20 години како дизајнер, а како самостоен бренд низ 11 години работа, Ненад Секирарски, од сезона во сезона ја негува рачната изработка и личниот пристап како личен печат во создавањето на секој дизајн и на секоја колекција. Задржувајќи го концептот на префинето, елегантно и чисто, секоја следна колекција нуди ново и свежо видување на модата и стилот, прилагодено на потребите на клиентот.















Ја сакам оваа колекција! Благодарение Ненад Секирарски!

Geen opmerkingen:

Een reactie posten