Каролина Попева!
Колекција: Hero of the tribe. Инспирација: филмот „Warriors of the rainbow„ кој е базиран на вистинита приказна. Главниот мотив за оваа модна колекција е традицијата на кинеското племе ''Mahebo'' исто познато под името ''Seediq Bale'' кои што живееле на островот Тајван. Колекцијата се состои од 15-20 машки и женски креации, вклучувајќи и модни додатоци (чанти, накит, чевли, шапки), за чија изработка се употребени рачно изработени природни материјали и ткаенини. Креациите претставуваат трансформација на традиционалните носии во урбани модни костими, кои ја потцртуваат машката и женската елеганција. Инспирација: традиционална народна носија, воинственост и храбар дух на мажите, спиритуалност и креативност на жените, нивна поврзаност со природата и нивен начин на живот. Целната група ја сочинуваат жени и мажи на возраст од 25 дo 45 год. ПОДДРЖАНА ОД ELISE
Geen opmerkingen:
Een reactie posten