Росица Мрсик!
Колекцијата е микс од кандински-геометрија, аплицирани флорални ориентални форми во јаки бои, руски фолклорни мотиви како декоративни елементи, кои го дефинираат вратниот израз, силуета од 60-те години на минатиот век со спуштен струк, младешки, но карактерен изглед, градирање на сива боја и создавање длабочина во силуетата преку игра на бои и текстури. Колекциите се бележат со дизајнерски пристап кон создавање на практична и нослива облека, женствена, сложена во кројот, но возбудлива и со сопствен став за дефинирање трендови за секоја сезона. Создадени со многу внимание, усовршени низ фокусот на критичкиот пристап на создавачот, и со секогаш внимателно избрани детали, колекциите на Р. Мршиќ се присутни на домашниот и на странскиот пазар неколку години наназад.
Geen opmerkingen:
Een reactie posten